Македонија
21. March 2023 - 16:35

Платформата за родова еднаквост со порака до црквата да стои подалеку од женските права

Платформата за родова еднаквост и порача на црквата да стои подалеку од женските права. Тие остро се спротивставуваат на делувањето на МПЦ против донесувањето на законот за родова еднаквост и воведувањето на сеопфатно сексуално образование во училиштата. Ваквата реакција доаѓа после трибината на фондацијата Елеуса насловена ,,Зошто не за сексуалното образование во училиштата, на која говореше и викарниот епископ Стобиски Јаков.

Според платформата Ваквото делување на црквата е антиженско, антихуманистичко и противуставно бидејќи претставува замешување на религијата во донесувањето на законите.

 Со ваквото делување се напаѓа уставниот поредок според кој Северна Македонија е секуларна држава, што значи дека МПЦ или која било друга верска организација не треба да се впушта во обликување на закони и политики кои не го уредуваат работењето на верските заедници.,, стои во реакцијата од Платформа оза родова еднакваст.

Реагираа и од министерството за труд и социјална политика. Велат на трибината била користена реторика спротивна на основните принципи за човекови права врз кои се заснова Предлог Законот.

Целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење за целосно надминување на пречките и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет... велат од Министерство за труд и социјална политика.

На трибината која пред неколку дена се одржа во Струмица владиката Јаков ги повика пратениците, а особено пратеничките да бидат внимателни со носењето на законот за родова еднаквост кој меѓу другото   давал можност за легитимитет на насилството врз жените од страна на биолошките мажи.