Бизнис
14. November 2018 - 21:26

Платежната агенција да го зголеми бројот на стручни лица бараат земјоделците

Советодавната дејност на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието е од голема помош за земјоделците, особено кога се работи за аплицирање во европските фондови.

-Да ги трансформира знаењата и модерните техники во модерното земјоделство и најважно нашите земјоделци да се прилагодат на стандардите кои ги бара ЕУ, истакна ДИРЕКТОРОТ НА АПРЗ ЕЛГАФАР ЈУСУФИ.

-Единствено нешто што треба да се направи е да се прошири, да има повеќе луѓе на терен од Агенцијата, повеќе стручни лица кои ќе им даваат поголема помош на земјоделците, рече КИРЕ НЕДЕЛКОВСКИ, ЗЕМЈОДЕЛЕЦ.

Земјоделците се во фокусот на соработката и со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

-Се трудиме се она што е битно за земјоделците, побрзо да стигне како информација до нив, да добијат соодвтена советодавна и стручна помош, а се со една единствена цел, на крајот да имаме и квалитативно и квантитативно подобро земјоделство, истакна Николче Бабовски, директор на АФПЗРР.

Какви се искуствата во регионот?

-Словенија има 300 луѓе вработени во советодавна служба, коишто со помош на нивната платежна агенција имаат повлечено во изминатите 10 години стотици милиони евра. Оваа институција треба да биде во функција на привлекување средства од ЕУ фондови, истакна Ленче Николовска, советник за земјоделство на премиерот во Владата на РМ.

Агенцијата за поттик и развој на земјоделието чие седиште е во Битола денеска одбележа 20 години постоење.