Македонија
4. October 2021 - 19:46

Пластичните кеси од 1 декември заминуваат во историја

Пластичните кеси заминуваат во историјата. Од 1 декември  дозволени ќе бидат само биоразгрдаливите, кои ќе се продаваат по цена од 15 денари. Најголем дел од надоместокот ќе оди во Фондот за заштита на животната средина . Од декември се забрануваат и амбалажите за пакување или служење храна во угостителските објекти, за почеток само во заштитените подрачја.

За заштита на животната средина, но и за усогласување кон европското законодавство  Владата преку неколку закони ќе се справува со отпадот. Целта е и постепено да се премине кон циркуларната економија, каде преку рециклирање на отпадот се добива готов производ. Инаку од почетокот на јули во земјите членки на Унијата стапија на сила забраните за употреба на пластични производи за еднократна употреба. До сега, во целост се применува во само 8 од 27 те членки, каде сламките за пиење, пластичните шољи,чинии, прибори за јадење, кесите за пакување храна, чепкалките за уши, не исклучени од продажба. Во употреба остануваат пластичните ПЕТ шишиња.