Тенис
17. March 2016 - 14:54

Пласман на Ѓорческа во четвртфиналето во Хамамет

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Хамамет, Тунис. Таа денеска во меч од 2.коло ја совлада Русинката Паолина Монова со 2:0 во сетови (7:5 и 6:2). Ова е нејзина втора победа над руската тенисерка на втор турнир по ред.

Во четвртфиналето утре таа ќе игра против седмата носителка Клаудија Џоване (452 ВТА, 25 години).