Loading Video...
Фудбал
20. March 2019 - 15:34

Пласман на Европското првенство главна цел на македонските фудбалери

Само победа над Летонија е во мислите на македонските фудбалери пред стартот на новиот циклус на квалификации , а пласманот на завршницата на ЕП следната година, е главна цел.  
 
Откако во Лигата на Нациите, македонските фудбалери ја остварија целта и се изборија за разигрување за пласман на Еуро 2020-та, сега истата цел е зацртана и во квалификацискиот циклус за Европскиот шампионат. 
 
И капитенот Горан Пандев кој утре ќе го прослави јубилејниот 100-ти натпревар, се надева дека конечно ќе се исполни сонот на многу генерации и дека конечно Македонија ќе биде дел од едно големо фудбалско натпреварување. 
 
Утрешниот дуел меѓу Македонија и Летонија кој ќе се игра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, ќе започне од 20 часот и 45 минути, термин во кој ќе стартуваат и останатите три меча од групата Г, а во кои ќе се сретнат Израел - Словенија и Полска – Австрија.