Планирате плажа денеска? - Ова никако не смеете да го јадете
Бидејќи создаваат гасови и подуеност, како и проблеми со варењето и метаболизмот, овие намирници е најдобро да ги избегнувате пред одење на плажа.
Праски и сливи
Цврстото овошје како праски и сливи се одликуваат со шеќерни алкохоли кои може да ферментираат и да предизвикаат надуеност и гасови.
Мешункасти плодови
Веќе добро знаете дека гравот, сојата, грашокот предизвикуваат надуеност и дополнителни гасови во стомакот.
Брокула и карфиол
Овој зеленчук потешко се вари во малите црева, а тоа се должи на недостатокот на ензими. Тоа значи дека кога зеленчукот ќе стигне до големите црева, бактериите во тој дел на стомакот може да предизвикаат гас и надуеност при варење на храната.
Мастика за џвакање
Џвакањето мастика предизвикува да вдишувате повеќе воздух кој се задржува во вашиот организам и предизвикува да сте надуени и да имате повеќе гас во стомакот.
Газирани пијалоци
Меурчињата во минералната вода или соковите се задржуваат во вашиот стомак и предизвикуваат надуеност.
Сол
Претерувањето со солта може да предизвика водата да се задржи во телото и да предизвика надуеност.
Пржена храна
Маснотијата во пржената храна се вари многу бавно и предизвикува подуеност и тешкотии во стомакот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо