Бизнис
23. October 2015 - 20:30

Планината Огражден да се уреди во авантуристички парк

Огражден ќе стане нова туристичка дестинација. Авантуристички парк, детски игралишта и велосипедски парк се само дел од содржините кои треба да ја збогатат понудата за туриститие на Истокот и Југоистокот од државата. За таа цел центарот за развој на Југоисточниот плански регион  во партнерство со центарот од Источниот регион и општините Берово, Босилово, Василево, Ново Село и Струмица реализираше проект насловен ,, Планините зборуваат и не поврзуваат,,. Проектот  имаше за цел да да ги мапира атрактивните точки на планината Огражден за изградба на авантуристичкиот  парк кој ќе придонесе кон збогатување на туристичката понуда.

-Нашата намера е да направиме една нова туристичка дестинација во Југоисточниот и Источниот регион, едно поврзување, меѓутоа нешто автентично и несекојдневно што го нема кај нас во Република Македонија. Се работи за изградба на авантуристички парк кој е предвиден низ целата територија на планината Огражден. Она првично што е направено е изработка на студија за развој на туристичкиот локалитет Суви лаки и планината Огражден, а следниот чекор беше изработка на техничка документација за неколку локации и она што беше изработено е техничка документација за изградба на мини авантуристички парк, техничка документација за велосипедски парк и техничка документација за детско игралиште и детско игралиште за деца со посебни потреби, вели Жулиета Ѓуркова – директор на центар за развоја на ЈИ регион

Изработката на студијата  за три ликации на Огражден заедно со техничката документација чини 33 000 евра а е финансирана од проектот од Германското Друштво за Интернационална соработка ГИЗ РЕД Македонија и Европската Унија.