Македонија
22. February 2020 - 13:06

Планинарски марш по повод 76 години Февруарски поход

По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, утре ќе се одржи планинарски марш до планината Голак.

Како што информира Љупчо Чучуковски претседател на ПСК „Голак“ одговорен за реализацијата на маршот, тргнувањето на планинарите е во 7:30 часот од паркингот пред Спомен дом АСНОМ.

– Маршрутата на движење започнува од Делчево преку Стар Расадник, манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“, детско одмаралиште, шумска зграда. Патеката е долга 24 километри и во двата правци. Ги повикуваме граѓаните, здруженијата, јавните претпријатија, институции, политички партии и други, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ, информира Чучуковски.

Организатор на настанот е општина Делчево од каде додаваат дека во рамките на одбележувањето на 76-годишнината од Февруарскиот поход, учесниците на планинарскиот марш ќе положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход.

За сите учесници на маршот предвидени се благодарници, а Општината има обезбедено ручек и топол напиток.