Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски-Мурато
Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“-Битола го одржа 29-тиот планинарски марш кој секоја година се одржува во чест на првиот Македонец што го освои врвот на светот – Монт Еверест (8.848 метри).
На маршот кој почна во утринските часови, годинава учествуваа над 300 планинари од Грција, Босна и Херцеговина, Србија, Молдавија, Македонија и една планинарка од САД, изјави за МИА Илинка Ристевска, член на ПСК „Пелистер“-Битола, организатор и домаќин на традиционалниот планинарски настан.
- Планинарите денес повторно се сеќаваат на големиот подвиг и оддаваат почит на Димитар Илиевски-Мурато кој на 10 мај 1989 година го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест. Меѓу учесниците на денешниот марш, наши гости беа и планинарите Благој Лазаревски и Ѓорги Костовски, кои пред 29 години беа членови на македонската алпинистичка хималајска експедиција, кои се радуваа на големиот успех на Мурато, но воедно и тагуваа за несреќниот настан бидејќи како што е познато, откако Димитар го развиорил знамето, на враќање кон базниот логор го загуби својот живот во длабокиот снег на Хималаите, изјави Ристевска.
Традиционално, планинарскиот марш се одвиваше по две патеки на планината Баба, кои водеа до една цел - местото „Димев Врв“, каде што е поставена спомен-плоча на Димитар Илиевски-Мурато.
- Сите се поклонивме пред Спомен-плочата поставена на „Димев Врв“, оддадовме почит и положивме цвеќе. Заедно со нас беа и синовите на Мурато, Сашо и Јонче Илиевски кои, како и ние, горди се на успехот на нивниот татко. Пригодно обраќање и полагање цвеќе приредивме и кај бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“, додаде Ристевска.
За подвигот од 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато посмртно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, од Македонскиот олимписки комитет е прогласен за Великан на спортот, а добитник е и на други награди и признанија.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово