Планинарски марш и протест „Спаси ја Лешница“
Планинарски марш и протест под мотото „Спаси ја Лешница“ се одржа вчера до месноста Лешница на Шар Планина организирана од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“. Над 200 учесници упатија порака дека треба да се прекине сечата на шумата и дрвјата и да се стопира изградба на хидроцентрали на Шар Планина, особено во подрачјето на Лешница.
– Бараме од сите институции итно да ги прекинат сите незаконски работи во делот на хидроцентралите. Тие хидроцентрали немаат се уште комплетна техничка документација. Сечењето на дрвјата и отворањето на новите траси е големо, се се уништува. Денеска праќаме порака до сите и гледаме што се случува горе. Оваа болест ја опфатила целата територија на Шара во Косово, Македонија, Албанија. Треба да има детална анализа и да се прекинат сите интервенции” изјави Хамди Сулејмани, иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.
Планинарското движење започна од селото Бозовце со времетраење од три часа преку патека која води до месноста Лешница, инаку на надморска височина од 1450метри. До Лешница се стигнува и од Попова Шапка, а ја одликува високи карпи, тревнати предели и густа зимзелена и букова шума, како и богата ендемична флора и фауна. Постои и Лешничка Река, која е десна притока на тетовската река Пена.
Ново на Сител
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406