Македонија
30. August 2015 - 17:02

Планинарски фестивал на Попова Шапка

Покрај скијањето на зима и преку лето Попова Шапка се повеќе е дестинација за рекреативците, особено за љубителите на планинскиот велосипедизам и планинското трчање. Токму природните ресурси што ги нуди Шар Планина овозможија викендов таа да биде домаќин на шестото издание на манифестацијата Планински фестивал.
 
Освен од Македонија, имаше натпреварувачи од Србија, Албанија, Бугарија и други земји.
 
 На Планинскиот фестивал "Попова Шапка 2015" учествуваа околу 270 учесници во рекреативните велосипедски и трките во планинско трчање.