Македонија
22. February 2017 - 20:46

Планинари од неколку планинарски друштва тргнаа на марш во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски

Планинари од неколку планинарски друштва тргнаа на марш во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски.  Стартот и оваа дванаесетта година по ред го направија од Струмица од пред споменикот поставен во чест на Трајковски, а крајната дестинација им е неговото вечно почивалиште, таму треба да пристигнат на 26 февруари и да се приклучат на одбележувањето на годишнината од трагичната несреќа. За пет дена планирано е да поминат маршута долга 202 километри. Велат ова бил нивни начин да му оддадат почит на ликот и делото на  претседателот Трајковски.

,, Нашиот сограѓанин и претседател Борис Трајковски беше една доста почитувана личност, човек кој премногу ја сакаше Македонија, човек кој ги почитуваше сите граѓани, се залагаше за Македонија, ја љубеше Македонија како што он знаеше да каже и едноставно во негова чест ние ја имаме нашата активност., вели Коле Ристов – ПАОК ,,Ентузијаст,, - Струмица

,, Покрај планинарите од Ентузијаст Струмица учествуваат и планинари од Гевгелија, Радовиш и Скопје.,, рече Душко Ќосев – ПАОК ,,Ентузијаст,, - Струмица

Планинарскиот марш  чиј организатор е планинарско алпинистичкиот ориентационен клуб Ентузијаст од Струмица и оваа година се реализира во два дела.  Додека едни  од планинарите пешачат кон Скопје други меѓу кои и планинари од Бугарија ќе го реализитаа маршот на Беласица со искачување на врвот  кој го носи името на загинатиот претседател Борис Трајковски, висок 1880 метри надморска височина.