Планинари алармираат за интензивна сеча на Шара и покрај најавата да биде национален парк
Складирани стотици кубни метри дрва, исечени стебла, уништени шумски предели за да се пробијат диви патишта. Фотографии со ваква содржина објавија планинари на социјалните мрежи, како реакција на изјавите на политичарите дека има потреба да се прогласи Шар Планина за национален парк. Планинарите алармираат и реагираат дека ако треба да се спаси природата тоа треба што поскоро да се направи да и да спречат ваквите слики.
- Пред неполн месец го искачив Доброшки врв, немаше ниту една камара со дрва. За тоа време исечено е како што може да се види од сликите направено е пустош, вели еден од планинарите во објаснување на фотографиите.
- Поминува тешката механизација, се сечат сите дрва, се уништува монструозно се тоа што требало да биде заштитено подрачје, за да се произведе 1kW и да може комотно да поминат 500 овци, вели планинарот Јовица Рафајловски кој снимил уништен предел кон врвот Бориславец.
Во саботата министери, градоначалници и амбсадори прошетаа низ Шар Планина во рамки на кампањата за потребата да се прогласи национален парк.
- Работите привршуваат и во наредните месеци очекуваме прогласувањето да се реализира. Таа динамика коинцидира со процесот на започнување на преговори со што даваме две пораки дека политички созреавме да станеме дел од Унијата и се доближуваме на европските стандарди за заштитено подрачје, изјави во саботата вицепремиерот Бујар Османи
Со прогласување на Шар Планина за национален парк сегашните девет проценти заштитена зона би се зголемило на 12 проценти.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода
-
ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор
-
Панел-дискусија на АХВ за управување со популацијата на бездомни кучиња
-
Бајден: Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина, САД продолжуваат со подршката за Киев
-
Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј.
-
Тајвански власти: 33 кинески воени авиони и осум бродови забележани недалеку од островот
-
Зеленски: Путин сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не може да ја прекине војната
-
Во Берово измерени нула степени, најтопло во Демир Капија, Охрид, Претор и Гевгелија