Ракомет
17. January 2018 - 11:13

Плаче Хрватска, плаче и Лино...

Домаќинот на ЕП во ракомет, Хрватска беше непријатно изненаден од Шведска и убедливо загуби во групната фаза со 35-31 и во Загреб ќе пренесат четири бода што ги става во исклучително тешка ситуација што значи дека ќе мора да бараат победи против Франција и Норвешка за да стигнат до полуфиналето.
Червар на мечот со викинзите настапи без искусниот голман Алиловиќ:„Што да се рече? Дадоа некои невозможни голови. Имаше некои одбиени топки кои завршија кај нив. Мораме да видиме кои ни се слабостите и да ги корегираме. Швеѓаните едноставно беа подобри од нас. Играа над своите можности, а ние не. Не бевме сконцентрирани и агресивни во одбраната. Жал ми е поради публиката и поради тоа што не патуваме во Загреб со четири бода“, рече Червар.