Балкан
23. јуни 2017 - 23:26

Плач по улиците - трубачи го следат Ѓоша до вечниот дом, свират мелодија која го крши срцето

Актерот Богољуб Митиќ Ѓоша кој почина вчера утрината, денеска ќе биде закопан во родното место во семејниот гроб, покрај татко му Стојан.

Во поворката која го испраќа до вечниот дом има и лимен оркестар кој свири Посмртен марш, а тагата на лицата на сограѓаните не може да се сокрие. Околу 3.000 луѓе присуствуваат во оддавањето на последната почит на познатиот актер.