Пјонгјанг: Советот за безбедност на ОН треба да го разгледа прашањето за воените вежби
Амбасадорот на Северна Кореја во ОН побара од Советот за безбедност на ОН да го разгледа прашањето за заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД.
Северна Кореја „силно го повикува Советот за безбедост на ОН да го разгледа прашањето за заедничките воени вежби како итно прашање на неговиот дневен ред“, се наведува во соопштението на Пјонгјанг.
Доколку Советот за безбедност на ОН уште еднаш го занемари барањето на Северна Кореја, ќе стане очигледно дека Советот повеќе не е тело што е одговорно за зачувувањето на мирот и безбедноста во светот, стои во соопштението.
ТАСС јави, дека барањето било испратено во петокот.
Заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, кои почнаа оваа недела, наидоа на осуда од Северна Кореја. Пјонгјанг, вежбите ги смета за непријателски потег што ја зголемува тензијата на Корејскиот Полуостров.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација