Пјонгјанг: Сите наши тестирања се „мерки за самоодбрана“
Северна Кореја денеска гневно го отфрли соопштението на Советот за безбедност на ОН каде е наведено дека се осудува најновото лансирање на севернокорејската ракета.
Хан Тае Сонг, новиот амбасадор на Северна Кореја во ОН, на прес-конференцијата за разоружување во Женева истакна дека сите тестирања на Северна Кореја се „мерки за самодобрана“ со цел да се заштити нејзиниот народ.
- Различните пробни лансирања кои ги изведе Северна Кореја поради градење на самообранбените способности се, без исклучок, мерки за самодобрана поради заштита на националниот сиверенитет и безбедноста на народот од директните закани на непријателските сили, нагласи Хан.
Севернокорејскиот амбасадор додаде дека неговата делегација силно го отфрла најновото соопштение на Советот за безбедност и сите резолуции на ОН против земјата.
Советот за безбедност на ОН ја осуди синоќа Северна Кореја поради лансирањето на ракетата во текот на изминатиот викенд, повикувајќи ги државите членки да ги „удвојат напорите“ во примената на санкциите против таа земја.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок