Свет
14. February 2017 - 12:59

Пјонгјанг: Сите наши тестирања се „мерки за самоодбрана“

Северна Кореја денеска гневно го отфрли соопштението на Советот за безбедност на ОН каде е наведено дека се осудува најновото лансирање на севернокорејската ракета. 

Хан Тае Сонг, новиот амбасадор на Северна Кореја во ОН, на прес-конференцијата за разоружување во Женева истакна дека сите тестирања на Северна Кореја се „мерки за самодобрана“ со цел да се заштити нејзиниот народ. 

- Различните пробни лансирања кои ги изведе Северна Кореја поради градење на самообранбените способности се, без исклучок, мерки за самодобрана поради заштита на националниот сиверенитет и безбедноста на народот од директните закани на непријателските сили, нагласи Хан. 

Севернокорејскиот амбасадор додаде дека неговата делегација силно го отфрла најновото соопштение на Советот за безбедност и сите резолуции на ОН против земјата. 

Советот за безбедност на ОН ја осуди синоќа Северна Кореја поради лансирањето на ракетата во текот на изминатиот викенд, повикувајќи ги државите членки да ги „удвојат напорите“ во примената на санкциите против таа земја.