Свет
6. February 2018 - 13:58

Пјонгјанг: САД размислуваат за ограничен превентивен напад на Северна Кореја

Севернокорејскиот дипломат Џу Јонг Чол ги обвини денеска САД дека се обидуваат да ја влошат ситуацијата на поделениот Корејски Полуостров, со тоа што во близина „распоредуваат големи нуклеарни средства“ и поставуваат основи за можен превентивен напад на Пјонгјанг.

- Со оглед на природата и обемот на американските воени зајакувања, тие се дизајнирани за превентивен напад против Демократска Народна Република Кореја, изјави Џу на конференцијата за разоружување во Женева.

Тој тврди дека американски функционери, вклучувајќи ги и министерот за одбрана и директорот на ЦИА, во повеќе наврати зборувале за нуклеарна и ракетна закана од Северна Кореја, со цел да го „оправдаат својот аргумент за воена опција и новиот концепт т.н. `крвав нос` - ограничен превентивен напад на ДНРК“, кој го разгледува американската администрација.