Пјонгјанг: Одржувањето на средбата Трамп-Ким зависи од Вашингтон
Одржувањето на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун зависи од однесувањето на САД, изјави денеска заменик-министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи.
- Доколку САД ја игнорираат добрата волја на Северна Кореја и продолжат да спроведуваат незаконски и срамни постапки, ќе му предложам на највисокото раководство на земјата да ја прертазгледа одлуката за одржување на средба меѓу лидерите на Северна Кореја и САД, изјави Чое.
Според неа, како што јави ДПА, само од одлуките и постапките на САД зависи дали „ќе се сретнат со Северна Кореја на преговарачка маса или во решавачки нуклеаран судир“.
Чое упати критики и кон американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој во телевизиско интервју во понеделникот ја поистовети Северна Кореја со Либија.
Пенс изјави дека Северна Кореја би можела да ја доживее сидбината на Либија, ако Ким Џонг-ун не се откаже од нуклеарното оружје. Пенс исто така му порача на севернокорејскиот лидер „да не си игра“ со Трамп.
Чое оцени дека ваквите изјави на Пенс се „глупави и бесрамни“, додавајќи дека не може да верува оти „такви зборови излегле од устата на американски потпретседател“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација