Пјонгјанг: Научниците кои ги развиваат нукеларните ракети се дочекани како херои
Илјадници мажи во свечени костуми и жени облечени во традиционални фустани се собраа долж улиците на Пјонгјанг со цел да ги дочекаат како херои научниците и работниците кои работеле на најновата ракетна проба на Северна Кореја.
- Народен дочек полн се ентузијазам за воените научници, стои на насловната страница на провладиниот весник „Родонг Синмун“, со фотографија на лицата кои ја развиле севернокорејската балистичка ракета со најголем дострел досега.
Весникот ги поздравува оние кои се заслужни за изработката на балистичката ракета „Хвасонг-12“ со среден дострел, бидејќи му ја покажале на светот „силата на моќната нуклеарна држава што се потпира само сама на себе“.
На фотографиите се забележуваат стотици научници и работници во воени униформи како ги поздравуват огромните статуи на поранешните претседатели Ким Ил-Сунг и Ким Џонг-ил во центарот на Пјонгјанг.
На друга фотографија се прикажани граѓаните како веат црвени знамиња и носат вештачко цвеќе додека ја поздравуваат колоната на автобусите во која се наоѓаат научниците.
Северна Кореја во неделата изврши тестирање на нејзината нова ракета што има најголем дострел досега.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето