Свет
29. July 2017 - 20:26

Пјонгјанг лансираше уште една интерконтинентална балистичка ракета

Територијата на САД  веќе е  на дострел  на нашите проектили се пофали лидерот на Северна Кореја Ким Јон Ун. Изјавата уследи  откако Пјонгјан во текот на ноќта успешно  лансирал втора интерконтинентална балистичка ракета  Хвасон 14.  Ракетата била лансирана од локацијата Мупјон-ниј, во близина  на границата на Северна Кореја со Кина. Летала  47 минути, достигнала височина од  3724 километри и далечина од илјада километри, пред прецизно да слета во водите во близина на Јапонија.

- Кога таа ракета би била испалена по стандардна тракеторија, која е порамна, американските градови како Лос Анџелес, Денвер и Чикако,  би и биле на дострел, а можно е ракетата да стигне и до Њујорк и Бостон изјавил за СИ ЕН  ЕН американскиот експерт за ракети Дејвид Рајт.

Тој додал дека со првичните анализи не  е можно да се утврди колку бил тежок товарот што го носела ракетата во боевата глава.  Однесувањето на Северна Кореја е неразумно и опасно а САД ќе ги преземат   сите мерки да осигураат безбедност  порача Трамп. Американскиот претседател во пишана изјава наведе дека овој ракетен тест претставува закана за целиот  свет и ќе придонесе за уште поголема изолација на Пјонгјан. Реагираше и Јужна Кореја.  

Уште еднаш, ја повикуваме Северна Корека да се разбуди од замислената илузија, како што е развивањето нуклеарна програма и проектили и наместо тоа да избере нов пат за дијалог изјави  Мун Је Ин, претседател на Јужна Кореја.

Сојузникот на Северна Кореја, Кина побара воздржување  од сите вовлечени страни во оваа криза.