Живот
12. April 2017 - 16:51

Питон пронајден во фиока во хотелска соба

Вработен во хотел на ланецот „Мериот“ во американската сојузна држава Масачусетс, при чистење на собите, во една фиока пронашол питон долг метар и половина.

По непријатното изненадување, хигиеничарот ги повикал надлежните, по што змијата е згрижена во центар за домашни миленичиња.

За случајот е информирана и локаната полицијата, а менаџерот на хотелот изјави дека питонот бил „во добра здравствена состојба“.