Живот
30. January 2018 - 13:12

Питон навлечен на опасна дрога

Огромен питон заврши на одвикнување од дрога позната како „кристален мет“ и "ice".

Змијата завршила во центар за рехабилитација во околината на Сиднеј, а нејзиното чудно и агресивно однесување ги згрозило полицајците и експертите за диви животни.

Имено змијата била запленето за време на рација во лабараторија преполна со дрога.

- Питонот беше агресивен и нервозен- рекол дресерот за змии.

Му било потребно седум месеци за одвикнување и да ја исфрли дрогата од себе и во потполност да се врати во нормала. Инау змиите се омилени и многу користени од страна на дилерите за дрога кои ги користат за заштита и чување на дрогата.