Балкан
10. јуни 2021 - 19:57

Питон долг околу 2 метри слободно се шетал во зоолошката градина во Белград на место каде децата можат да јаваат пони

Снимка од огромен бурмански питон кој слободно се шетал по тревникот на зоолошката градина во Белград шокирал денеска многу корисници на социјалните мрежи.

На краткото видео се гледа змија долга околу 2 метри во заграден простор на градина каде деца инаку можат да јаваат пони.

-Питон излегол малку да прошета - пишува во коментар авторот на снимката кој за секој случај снимал од оддалеченост.

Снимката погледнете ја ОВДЕ.