Македонија
11. July 2016 - 12:55

Питомци и офицери од „Летен кампус 2016" донираа за лица со посебни потреби во Неготино

Питомци и офицери, учесници во Летниот кампус во Центарот за обука Пепелиште, денеска ги посетија лицата со посебни потреби од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака" од Неготино, се дружеа со нив преку спорт и креативна работилница и им донираа маички, капи и дел од нивната ужинка.

Во име на офицерите и питомците од 13 земји кои се дел од седмиот по ред кампус, потпоручник Анита Среќковиќ изрази задоволство што била дел од оваа хумана посета.

- Поводот на денешната посета во име на деканот на Воената академија, директорот на кампусот и околу триста учесници, е да ја покажеме и докажеме нашата целосна посветеност и хуманост, кога се во прашање лицата со посебни потреби, нагласи Среќковиќ, додавајќи дека многу им значат насмевките на овие лица.

Таа потсети дека Армијата и посебно Воената академија, секогаш ќе бидат со овие лица.

Елизабета Пецова од „Порака" од Неготино за донацијата изрази благодарност до питомците и офицерите од Летниот кампус Пепелиште.