Македонија
28. July 2019 - 16:31

Питачи ги окупираа плажите во Охрид и Струга

Во екот на сезоната двата крајезерски туристички центри преполни со питачи .Низ чаршијата ,по кафтереиите ,плажите и улиците се среќаваат голем број на лица кои од граѓаните и туристите бараат пари.

Најчесто станува збор за деца кои се надвор од образовниот процес и доаѓаат од семејства од ромска националност, но има и повозрасни кои боси, извалкани и со стара облека чекаат милостина од минувачите.

Охрид и Струга во лето се примамливи за питачите кои доаѓаат организирано од други градови и тоа најмногу од Битола и  Скопје,а ги има и од Источна Македонија. 

Оние кои се затекнати на лице место  се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење.

Од охридската полиција потврдуваат дека проблемот со питачењето е најизразен  во шпицот на сезоната и негативно влијае на опшата слика на туристичките центри. Оваа година во охридско струшкиот регион регистрирани и се 15 случаи на питачење против кои се преземени законски мерки.