Loading Video...
Ракомет
23. September 2019 - 16:27

Писонеро ќе мора да тактизира со ракометарите на утрешниот меч против Нексе

Утревечер свој меч во СЕХА лигата ќе игра и актуелниот првак Вардар. 
 
Вардарци ќе го пречекаат хрватскиот тим Нексе, меч кој доаѓа во незгоден период за регионалниот и актуелен европски шампион и тоа меѓу два значајни дуели во Лигата на шампионите
 
Затоа тренерот на црвено-црните Давид Писонеро ќе мора да тактизира, односно најавува поголема ротација на играчите 
 
Утрешниот меч меѓу Вардар и Нексе кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути.