Писмото во кое маж објаснува „Поради што плаче мојата сопруга“!
Кога Арон Жил, комичар од Лондон, на социјалната мрежа „Твитер“ објави листа на работи поради кои неговата жена плаче, не се ни надеваше дека овој лист хартија ќе се пренесе низ интернетот со брзина на светлината и ќе насмее милиони луѓе.
Имено, по свадбата, Арон решил еден месец да запишува што сѐ може да ја расплаче неговата сопруга Лекс, со оглед на тоа дека таа е многу чувствителна.
-Мојата жена плаче буквално поради сѐ и сешто – напишал Арон на „Твитер“ кога ја објавил фотографијата од листата.
Секако, пред да ја објави оваа листа на интернетот, побарал дозвола од сопругата за да не ја расплаче повторно.
Еве што се најде на листата „Поради што плаче мојата сопруга“:
- Дозна дека лебедите можат да бидат хомосексуалци и тоа ѝ се допадна.
- Мамурна здогледа фотографија на мало прасенце.
- Чекав да се стемни и се маскирав во чудовиште.
– Малиот зајак успеа да избега од лисица во документарна емисија.
- Ни снема колачиња.
- Повторно ѝ текна дека лебедите може да бидат хомосексуалци.
– Ја фатив за рака кога најмалку очекуваше.
– Ѝ подготвив вечера.
- Гледала видео за некое куче.
Тоа беа причините поради кои Лекс плачела за време од еден месец, а сега се апсолутен хит на интернет. Фотографијата е споделувана повеќе од 40 илјада пати, додека на повеќе од 60 илјади луѓе им се допаѓа.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот