Македонија
22. јуни 2018 - 16:09

Писмата со грчка поддршка на македонско членство во ЕУ и НАТО Коѕијас ќе ги испрати во понеделник

Никос Коѕијас во недела ќе стави потпис на писмата, а веќе во понеделник тие ќе бидат испратени во Брисел, дознава Сител од грчки извори.  Грција ден пред состанокот на министрите за надворешени работи на земјите членки на ЕУ ќе информира дека се отстранети пречките за интеграција на Македонија во евроспкото семејство. Како што беше договорено ваквиот потег следи по ратификацијата на договорот во македонското собрание. Второто писмо од Атина ќе заврши во рацете на генералниот секретар на НАТО кој ќе треба да ги направи подготовките за самитот идниот месец.

И додека власта продолжува со реализција на договореното, опозицијата во Грција не запира со критиките. Од Солун, лидерот на Нова Демократија вели дека овој договор дополнително ќе ги влоши односите помеѓу двете земји.

- Овој договор, наместо да ги ублажи проблемите, може на крај да ги отруе односите на двата народa, оживувајќи ги страститe од други времиња. Јас сум Македонец и живеам во Северна Македонија, што значи тоа?  Не можат некои радикални гласови утре да речат дека постојат Македонци кои не се Грци и се во Јужна Македонија? рече Мицотакис

Грција според лидерот на опозицијата со овој договор го загубила основното дипломатско оружје – поканата за НАТО. Тој уште еднаш јасно стави до знаење дека нема да ја поддржат ратификацијата на договорот во грчкиот парламент.

Од македонската влада пак велат дека ги знаеле гласовите во грчкиот парламент и очекуваат допговорот да добие поголема поддршка дури и од таа која Ципрас ја доби на минатонеделеното гласање недоверба на владата која ја предводи.

Македонската опозиција пак реаѓира на изјавата на шефопт на грчката дипломатија Никос Коѕијас кој  на меѓународната конференција во Родос не нарече северномакедонци.

-Не можеме да живееме со реваншизам и иредентизам. Потребно ни е да го прифатиме постоечкото и да најдеме правила за да живееме заедно. Ова го покажа и го покажува договорот од Преспа, кој посакувам да се имплементира и да биде светол пример за сите проблеми во нашиот регион, договорот покажува дека овде немаме спротивставеност меѓу Северномакедонците и Грците, туку имаме спротивставеност, и ова важи за сите конфликти, меѓу силите што сакаат решение и силите на инерција, на кои им одговара нерешавањето и мислат дека може да имаат корист, рече Коѕијас во Родос.

-Колку Заев и да ја лаже јавноста дека забетонирал нешто, вистината говори дека со договорот е директно нарушен нашиот идентитет. Кој лаже сега господине Заев?

-       Зошто нема демант или протесна нота од Министерството за надворешни работи, зошто сеуште не го демантирате грчкиот премиер Ципрас кој јасно изјави дека не постои македонска нација, поточно со договорот не е признаена? Дали не ви смета што грчки министер за надворешни работи не ословува со сменет идентитет северномакедонски?, прашуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Сиптоматична е и изјавата на генералниот секретар на НАТО кој новото име го употрбеува без превод.