Македонија
19. јуни 2016 - 12:26

Пироман шета низ Сарај, запалени куќа и плевна во Грчец

Вчера во ПО-Сарај Ш.И.(46) од с.Грчец пријавил дека на 17/18.06.2016 година во с.Горни Грчец, непознат сторител откако дошол до плевната и на засега непознат начин ја запалил, се упатил до викенд куќата сопственост на пријавителот, при што исто така на засега непознат начин ја запалил по што го напуштил местото на настанот.
 
Во плевната изгорени се 100 бали детелина, а во викенд куќата изгорени се две соби. Се работи на целосно расчистување на случајот.