„Пирели“ може да му помогне на Интер да го привлече Меси
Извршниот директор на компанијата за гуми „Пирели“, Тронкети Провера, рече дека компанијата ќе се обиде да му помогне на Интер доколку клубот има амбиции да го купи Лионел Меси.
Аргентинската суперѕвезда има една година до крајот на неговиот тековен договор и ова покренува голем број шпекулации за тоа дали Лео ќе го напушти „Камп Ноу“ по толку години. Еден од клубовите за кои се шпекулира дека е сериозен во намерите да го купат аргентинскиот генијалец е Интер.
„Нероазурите“ побараа помош од „Пирели“, слично на помошта што ја пружи автомобилскиот гигант „Фиат“ пред една година во договор за купување на Кристијано Роналдо од Јувентус. Сепак, шефот на компанијата сподели дека пандемијата на коронавирус значително ги ограничила можностите за финансиска поддршка.
„Искрено, во време како ова, немаме можност да инвестираме во спортови, освен она што беше договорено за Формула 1 и Интер. Претседателот на Интер, Стивен Џанг ќе мора да вложи напор сам. Можеме да помогнеме, но да не направиме нешто значајно“, го заврши својот говор на темата Провера.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година