Loading Video...
Спорт плус
29. December 2019 - 16:18

Пинторо ја прекина доминацијата на Парис во Бормио

По двата дена на натпреварите од Светскиот куп во машка конкуренција што се одржуваат во италијанскиот ски-центар Бормио, а на кои на задоволство на домашната публика победуваше  Доминик Парис, денеска најдобар во комбинација беше Алекс Пинтуро. 
 
Французинот зад себе го за 51.стотинка го остави Норвежанецот, Александер Амод Килде, додека трето рангираниот Лојц Мејлард од Швајцарија имаше 56.стотинки послабо вкупно време од победникот. 
 
Сепак. Норвежанецот Килде и натаму е лидер во севкупниот Генерален поредок со 474 бодови, пред Парис кој денеска заврши дури на 26-место па остана на 454 бодови, додека победникот Пинтуро е трет со 401 бод.