Македонија
1. јуни 2019 - 16:14

Пино ќе биде погребан во Италија, мајката бара доживотен затвор за убијците

Пинета Секондо, 26-годишното момче кое исчезна на почетокот на декември, а подоцна беше најден убиен, ќе биде погребан во Италија. Ова го соопшти неговата мајка Маја Трпковска, која вели дека се уште не се знае точниот датум на погребот и дека целото семејство е во многу лоша состојба.

Очајната мајка бара најстрога казна за убијците на нејзиното дете. Преку фејсбук статус се обрати кон јавноста, очекувајќи убијците да добијат доживотен затвор. 

А.Ѓ со нејзиниот помошник што го имаат убиено моето дете да добиат нај голема казна! Доживотен затвор!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат, пишува мајката на Пино.

Мотивите за убиството на 26-годишниот Пино се уште не се познати. Осомничени се 27-годишен жител на Скопје кој е во бегство и неговата девојка која од вчера се наоѓа во притвор.

По Пино се трагаше цели 6 месеци. Дури вчера полицијата соопшти дека телото кое пред околу 3 недели беше пронајдено во близина на Скопје е на исчезнатото момче.