Живот
9. March 2016 - 12:59

Пинкови Ѕвездички: Скопјанката Антониа со „Две Лири“ направи вистински бум

Антониа Гиговска блесна и во шестиот круг на најгледаниот регионален музички натпревар „Пинкови ѕвездички“.

Младата скопјанка повторно со македонска песна го маѓепса и популарното петчлено жири и публиката во студиото која ја награди со огромни аплаузи.

Песната „Две Лири“ од Каролина Гочева беше изборот на Антониа, а колку моќно звучи погледнете во најавата за дваесет и седмата емисија на малите музички таленти.