Пингпонгот се попопуларен меѓу најмладите
Телеком Мастерс 2 У-15 Пласман
Пионери
1. Кенан Асанов
2. Лука Стојчев
3. Лука Серафимовски, Александар Јакимовски
Пионерки
1. Сара С.Стојановска
2. Васе Богоевска
3. Софија Хасану, Сара Стојановска
Во саботата во Прилеп со свечена манифестација беше обележан интернационалниот ден на пинг понгот. Во организација на ППК Младост 96 под покровителство на ППФМ, на отворен простор беа поставени три пинг понг маси, при што можност да заиграат пинг понг имаа сите случајни минувачи во близина на градскиот часовник во Прилеп. Манифестацијата покажа дека има интерес за пинг понгот кај најмладите генерации, а исто така покажа дека Прилеп е еден од центрите на пинг понгот во нашата држава.
На манифестацијата изјави за медиумите дадоа, Горан Тиловски претседател на ППФМ, Златко Рикалоски потпреседател на ППФМ, како и градоначалникот на општина Прилеп Д-р Илија Јованоски, кој претходно одигра ревијален натпревар со Гоце Тошески тренер на ППК Младост 96.
Во саботата исто така беа организирани два локални турнири од клубовите Рома Шутка и Куманово.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација