-->
-->
Пинг понг: Одржан „Вториот Телеком мастерс“
-->
Во Свети Николе во СЦ Цар Самоил се одржа вториот телеком мастерс бодовен турнир за сениори. Организатор на турнирот беше ППК Шампион ФА од Штип под покровителство на ППФМ. На турнирот учествуваа повеќе од 40 играчи во двете категории (сениори и сениорки).
Како и на првиот телеком мастерс турнир фаворитите Станојковски и Димитриевска супериорно ги освоија првите места. Со победите Станојковски и Димитриевска дополнително се зацврстија на чело на ранг листата и речиси имаат обезбедено сигурно место во сениорската репрезентација.
Сениорите беа распоредени во 12 групи додека сениорките во 4 групи. После групните натпреври двајца најдобри од секоја група продолжуват во системот на директни еллиминации.
Најинтересен натпревар на турнирот беше полуфиналето помеѓу Младеновски од Шампион ФА и Јочкоски од Младост. И овој пат како и на првиот мастерс со идентичен резултат со 4:3 славеше Јочкоски. Во машкото финале Станојковски го совлада Јочкоски со 4:1.
Кај сениорките финалето беше далеку повозбудливо каде што Ива Димитриевска славеше победа со 4:3 над Ана Стојановска.
ПЛАСМАН Сениори
1. Кристијан Станојковски
2. Ѓоко Јочкоски
3 - 4. Петар Костовски, Филип Младеновски
5 - 8. Александар Штаргоски, Христијан Јованов, Васко Манасијевски, Сашо Стојановски.
ПЛАСМАН Сениорки
1. Ива Димитриевска
2. Ана Стојановска
3 - 4. Ана Марија Димитрова, Бојана Михајловска
5 - 8 Васе Богоевска, Фани Јовановска, Сара С.Стојановска, Мила Штркова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи