Пинера: Чиле е во војна против непријател подготвен да користи насилство без ограничувања
Претседателот на Чиле Себастијан Пинера изјави дека земјата е „во војна“, по тридневните протести поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, во кои загинаа седум лица.
Тој во саботата прогласи вонредна состојба во главниот град Сантјаго, по протестите во кои беа запалени многу згради во центарот на градот, а градското метро беше блокирано.
Демонстрантите подметнаа оган на неколку станици во метрото, запалија автобус и ги ограбуваа продавниците.
Пожарникарите соопштија дека пет лица загинале кога избувнал пожар при грабеж на фабрика за облека, додека двајца други загинале во пожар во супермаркет. Две лица биле погодени од куршуми и се хоспитализирани во „сериозна“ состојба по инцидент со полицијата.
За време на протестите беа затворени 136 метро станици, а беше прекинат сообраќајот во должина од околу 150 километри. По полицискиот час, беа откажани стотина летови од аеродромот во Сантјаго и илјадници патници останаа блокирани на терминалите.
Пинера ја суспендираше и одлуката на чилеанската влада за зголемување на цената на јавниот превоз, но, сепак, протестите продолжија поради социјално-економските услови и нееднаквоста во земјата.
Во меѓувреме, властите соопштија дека за време на протестите се уапсени 1.462 лица, 644 во Сантјаго и 848 во другите градови. По три дена насилство, центарот на Сантјаго, како и центрите на другите поголеми градови како Валпараис и Консепсион, се сосема опустошени.
Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија