Живот
16. February 2017 - 11:46

Пилотот залутал и направил хаос: Запрел воен хеликоптер на автопат за да праша за правец

Не било во прашање ниту вежба, ниту некаква опасност, туку, како што открија зачудените возачи, недостаток на ориентација.

Имено, по слетувањето на хеликоптерот, излегол еден од членовите на посадата за да праша кој е патот до најблискиот град.

-Што прави овој среде пат, се слуша глас на друг возач/ По минута - две роторите запреле и од хеликоптерот излегол војник.

Тој дошол до првиот возач и со силна гестикулација објаснува што е проблемот. Потоа се ракувал со него и се вратил во хеликоптерот вреден 10 милиони долари.

-Дојде да праша каде е градот Актобе? - вели еден од возачите.

Министерството за одбрана на Казахстан издаде соопштение во кое се вели дека ова била „планска вежба за визуелна ориентација“ во која од пилотот се барало да се оритентира со помош на луѓе. Вежбата, според соопштението била успешна.