Живот
17. March 2019 - 21:45

Пилот на Боинг ја реши мистеријата: Малезискиот авион слетал на тајна писта, еве каде треба да го бараат

Пензиониран пилот на Боинг смета дека исчезнатиот лет МХ370 тргнал кон тајна писта - им рече на истражителите каде би требало да го бараат.

Енди Рајан верува дека МХ370 го сменил курсот после киднапирање во воздух.

Поранешниот пилот на Јунајтед Ерлајнс дошол до овој заклучок отккао ја анализирал патеката откако авионот изгубил контакт за 38 минути.

Тој теоретизира дека МХ370 летал на „однапред планирана“ локација на копното или дека удрил во океанот и го смета пилотот Захариј Ахмад Шах за главен осомничен.

И тој вели дека подрачјето околу Мадагаскар е местото каде би требало да се организира нова потрага.

На прашањето како авионот би можел да се пронајде, поранешниот пилот на американското воздухопловство вели: Случајно или со некој уред. Може дури и со сателот кој би истражувал некаква метална аномалија во оддалечено подрачје“.

Според неговите зборови нешто се случило поради што авионот свртел во лево. „Тоа е сложен авион, така што кој и да го направил тоа, претпоставувам еден од пилотите, морал да знае што прави“.

За да се спроведе целата намера другиот пилот морал да биде соучесник или онеспособен.

Иако е пронајден дел во морето верувам дека авионот некаде слетал, вели тој.

Неодамна на Мадагскар се откриени парчиња од остатоци кои изгледаат како да се од летот МХ370.

Пред тоа, три парчиња, дефинитивно од Боингот 777-200 се пронајдени на островот Ријунион и Маврициус - острови источно од Мадагаскар - и Танзанија, која е западно од островот.

Рајан признава дека откритието „би пополнило голема дупка“ во неговата теорија дека авионот слетал на копно.

Меѓутоа, тој вели дека тоа не треба да се исклучува, зошто четиригодишната потрага во океанот западно од Австралија - каде истражителите проценувале дека се урнал - не вродил во плод.

Рајан својата теорија ја заснова на тоа што транспондер и АКАРС, неговите комуникациски алати, престанале да работат откако е изгубен контактот. Тој вели дека постои „нулта можност“ дека тоа било несреќа.

Поранешниот капетан, кој сеповлекол по 33 години летање со Боинг 746, тврди: „Досега сите пронајдени остатоци беа на западната рута на која и јас тврдам дека летал авионот“.

„Да, знам дека звучи злокобно и пронајден е дел од крилото кое било оштетоно, или ако удрил во вода, но сетете се само каде е пронајден (источно од Мадагаскар)“.

Ако авионот свртел кон север (пред Мадагаскар) и слетал, би очекувал да се спушти на некое пусто место каде не би бил забележан, посебно ноќе“, вели тој.

„ГПС е таков што може да пронајде речиси секакво место кое однапред е зададено. Потешко е (да се пронајде) ако се наоѓа на копно, се кладам дека луѓето кои го дочекале, го прекриле со камуфлажна ткаенина“, истакнува поранешниот пилот.

Според австралиското Биро за безбедност во сообраќајот, МХ370 свртел во лево над јужнокорејското море на пат од Куала Лумпур до Пекинг на 8 март 2014 година.

Потоа прелетал преку полуостровот Малезија кон островот Пенанг „над или во близина“ на низа патни точку во Малезија и на Тајланд.

Користејќи Инмарт сателит, тогаше е одлучено дека одлетал на југ и се уранл во Индискиот океан западно од Австралија откако останал без гориво.

Но тие не знаат зошто тргнал по овој наводен правец, па остануваат теориите за самоубиство, пожар, грабнување и хипоксија.