Фудбал
1. March 2018 - 12:58

Пикси 8-ми во светот според тренерската плата

Прославениот српски фудбалер Драган Стојковиќ Пикси сега работи како тренер во Кина и тоа во екипата на Гуанжо РФ.
Според информациите од истокот популарниот Пикси заработува годишно 8 милиони евра.
Во Кина најплатен е селекторот Марчело Липи со 20 милиони евра а од тренерите Канаваро со 12 милиони и Фабио Капело и Мануел Пелегрини кои заработуваат по 10.
Интересно е што во светски рамки Пикси е подобро платен од менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп (7 900 000 евра) потоа Антонио Конте во Челзи (7 300 000) и Зинедин Зидан од Реал (4 850 000).
Пред него се Мурињо, Гвардиола  и Венгер....