Живот
3. April 2017 - 21:53

Пикантерии за Меган Маркл изнесени во неодамна објавена книга

Љубовта помеѓу принцот Хари и глумицата Меган Маркл би можела да биде ставена на испит откако нејзината полусестра Саманта Грант објави книга, во која таа опишува како било да се живее со неа и секако, изнесува пикантерии од нивниот приватен животот.

Меган наводно никогаш на своето семејство не му пружила поддршка, а во книгата е опишана како нарцисоидна и себична. Дополнително, таа уште како дете била фасцинирана од животот на британското кралско семејство и „сакала да стане принцеза“, односно „да се искачи високо на општествените скалила“, пишува „Дејли Меил“.

Саманта инаку, боледува од мултиплекс склероза и се движи со количка, а за книгата проговори и на социјалните мрежи.

- Можеби кога Меган ќе биде позрела и ќе ја чита книгава, ќе разбере што направила. Нема да и се допаднат некои работи што ќе ги прочита, напиша таа на Твитер.

Саманта и Меган не разговараат меѓу себе веќе девет години.