Живот
15. September 2019 - 13:47

Пијат, пушат, се хранат нездраво и лесно доживуваат 100 години: Ова италјанско село е мистерија за научниците

Одалеченото село Ачероли во јужна Италија познато е по големиот број на стара популација, токму нивната долговечност ги збуни научниците - која е нивната тајна? 
 
Поминале веќе 4000 години откако Гилгамеш , кралот Урук тргнал за потрага по тајната за бесмртноста. Уште од тогаш човечката фасцинанција за подолг живот или  барем што е можно подолго не се намалила. 
 
Науниците трошат големи пари анализирајќи  фактори кои допринесуваат за долг живот, а токму тоа и ги привлече оваа мала италјанска заедница каде повеќето станари добро изгледаат и во својата 10 -та деценија од животот. 
 
Ачероли се наоѓа во покраината Кампанија, околу 140 километри јужно од Неапол. 
 
- Бев на плажата во Ачероли и видов луѓе кои имаат 90 години, како уживаат и се сончаат на плажа и пушат цигари, додека нивните стомаци изгледаат како да се во деветтиот месец од бременоста, рекол еден американски кардиолог Алан Мајсел за Њујорк пост.
 
Ова е сосема спротивното во кое верувал, но и  учел со години - за долг живот треба да се внимава на линија, да се избегнуваат пороци и сонце. Луѓето од Ачероли од друга страна, живеат во контраст со овие правила. Во селото живеат околу 2000 жители а меѓу нив има 300 лица кои живеат подолго од 100 години дури и 20 осто од нив прославиле и 110. роденден - па некој и повеќе.
 
Освен тоа, Мајсел со своите колеги направил истражување кои докажале дека имаат мал број на заболување на Алцхајмер и срцеви болести - и покрак сите оние цигари и алкохол. Во студијата во која се истражувала долговечноста на тие луѓе сега е во завршна фаза, а научниците се надеваат дек генските тестирања ќе откријат нешто што на луѓето ширум светот би им користело за да живеат подолго. 
 
За време на тестирањата на Мајсел открил некои занимливи траги кои секако имаат значаен удел во нивната долговечност. 
 
Овие две намирници многу често ги конзумираат сите жители од селото и може да се каже дека тоа е нивната прехрана.  Рузмаринот и научниците го потврдиле дека е поврзан со редукција на разикот на Алцхајмеровата болест и ја подобрува функцијата на мозокот и меморијата. 
 
Од друга страна се сардините риблиј лек за сите видови на воспаление на ќелиите во телото. Старите во Ачероли не одат на  јога, но повеќето од своето време го поминуваат на отворено - движејќи се и дружејќи се. Животот таму е многу опуштен, а стресот кој модерната медицина го нарекува токсичен таму речиси и не постои.