Живот
15. September 2019 - 21:55

Пијат, пушат и се хранат нездраво, а сепак живеат над 100 години - Тајната на долговечноста се крие во ова село во Италија

Оддалеченото село Ачароли во Јужна Италија е познато по големиот број на постара популација и покрај пушењето и дебелината, а токму нивната долговечност е мистерија која ги збунува научниците - која е нивната тајна?

Минаа дури 4.000 години откако Гилгамеш, кралот на Уриците, тргна во потрага по тајната за бесмртност. Уште од тогаш човечката фасцинација за вечен живот, или што е можно подолго да се живее, не е смалена.

Научната заедница троши големи пари и ги анализира факторите кои придонесуваат за подолг живот, па затоа ги привлече малечката италијанска заедница каде повеќето жители влегуваат во 10 деценија од животот.

Ачароли се наоѓа во покраината Кампанија, околу 140 километри јужно од Неапол. „Бев на плажа во Ачароли и видов луѓе во своите 90-ти години од животот, како се сончаат на плажа и пушат, додека нивните стомаци изгледаат како да се во девети месец од бременоста“, рече американскиот кардиолог Алан Мајсел за Њујорк пост.

Ова се противеше на се во што веруваше, но и ги учеше другите со години - за долг живот внимавај на линијата, избегнувај пороци и сонце. Луѓето од Ачароли, од друга страна живеат во контраст со овие правила, но стареат импресивно. Во селото живеат околу 2000 жители од сите години, а меѓу нив има и 300 кои живеат подолго од 100 години и дури 20 отсто од оние кои го прославиле 110 роденден - па и некоја година плус.

Освен тоа, Мајсел со своите колеги спровел истражување кои докажуваат дека имаат мала стапка на заболување од Алхајмерова или срцеви болести - и покрај сите оние цигари и вино. Големата студиа со која се истражува долговечноста на овие луѓе сега е во завршна фаза, а научниците се надеваат дека генетските терстирања ќе откријат нешто што би можело да се користи за сите луѓе ширум светот да живеат подолго.

Во текот на ова истражување, Мајсел открил некои интересни траги кои секако имаат значаен удел во нивната долговечност. Овие два продукти често ги конзумираат сите жители на селото и може да се каже дека се база за нивната исхрана. Рузмаринот за кој научно е потврдено дека се поврзува со редукција на ризикот од Алхајмерова болест и ја подобрува функцијата на  мозокот и меморијата.

Сардините од друга страна се рибин лек за сите видови воспалувања на ќелиите на телото. Исто така, маслиново масло се јаде со се, а чаша вино се пие за секој оброк. Старците од Ачаролија не учат јога, но повеќето време го поминуваат на отворено, движејќи се и дружејќи се. Животот е многу опуштен, а стресот кој модерната медиција го нарекува токсичен таму речиси и не постои.