Македонија
1. January 2016 - 13:00

Пијано момче прегази охриѓанец

Вчера во попладневните часови околу 17 часот, во Охрид пијан возач  на улицата „Радојца Новичиќ“ го прегази 62-годишниот Здравко Н. Од Охрид.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „WV Пасат“ со охридски регистарски ознаки движејќи се од Охрид кон селото Долно Лакочереј, преминало на левата коловозна страна и со предниот лев дел од возилото удрило во сега починатиот кој со велосипедот се движел во спротивен правец.

Возачот на „Пасатот“ Ќ.Н. (53) од Охрид потоа бил изложен на алкотест при што утврдени се 1,08 промили алкохол во крвта.