-->
-->
Пијанечкиот фолклор претставен во Турција
-->
Членовите на културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево го претставија пијанечкиот фоклор на Интернационалниот фестивал за фолклорни танци „Туфаг” и Меѓународниот натпревар во фолклорни танци „Златен каранфил”, што се одржа во Јалова, Турција.
Како што информираше Зенил Реџепов, уметнички раководител на групата, на фестивалот учествувале фолклорни друштва од 17 земји меѓу кои од Мексико, Русија, Кипар, Македонија, Грузија, Црна Гора, БиХ, Србија, Кореа, Бугарија, Турција, Грција и други земји.
-Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од 1 до 8 јули во Јалова, Турција го презентираше македонскиот и пијанечкиот фолклор со шест претставувања. Во рамки на настанот организиравме вечер на традиционална македонска храна „Делчево некогаш и денес“, а учествувавме и на ревијата на народни носии, на која се претставивме со оргинална носија од Повардарие, информира Реџепов.
Од вкупно 17 држави, како што додава, делчевските играорци влегле во топ 5-те учесници во финалната вечер.
– Презадоволни сме од успехот кој го постигнаа младите момчиња и девојки. Уште посреќни и радосни бевме кога организаторот заедно со претставниците на Кореја не покани и во 2020 година повторно да бидеме гости на фестивалот „Туфаг”, додаде Реџепов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.