Бизарно но вистинито
16. јуни 2017 - 15:14

Пијана повикала брза помош затоа што ја каснал комарец, настанал хаос па сега и се заканува казна затвор

Лекарите во брза помош во Полска, останале без зборови кога стигнале да помогнат на една 40-годишна жена на која наводно и се слошило во текот на ноќта, а се покажало дека ја каснал само обичен комарец.

Полјакинка повикала брза помош ноќта помеѓу неделата и понеделникот и инсистирала да дојде лекар бидејќи се чуствувала многу лошо. Кога екипата на брза помош пристигнала виделе дека не и е ништо, жената го покажала убодот од комарец на раката.

Кога одбиле да интервенираат поради тоа што не и било ништо таа станала агресивна, инсистирала да и укажат прва помош иако нема симптоми па дури и смртно им се заканувала и на полицајците кои подоцна пристигнале да ја смират.

Во полициската станица се воспоставило дека има околу 3 промили алкохол во крвта а убодот од комарец со сигурност ќе се памети долго, поради тоа што за нападот на екипата на брза помош и полицајците и се заканува казна затвор.