Македонија
4. March 2016 - 14:02

Пијан струмичанец прегазил старец

Синоќа во 23.30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна незгода во која возило “Фиат Пунто“ со швајцарски национални ознаки,  управувано од Н.З. (56) од Струмица, удрило во пешакот А.М. (72) од Струмица. 

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен и задржан на лекување во МЦ-Струмица.

Увид извршила екипа од СВР Струмица.

Кај возачот било констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,47 промили.