Македонија
4. August 2017 - 14:44

Пијан скопјанец ги претепал сопругата и синот, па потоа се повредил себеси

Вчера попладнето во Единицата за известување и командување Скопје, Е.П. пријавила дека во нејзиниот дом во село Горњани нејзиниот сопруг З.П., откако се довел во алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неа и нивниот син, а потоа ги бркал од дома.

Тој ја уништил покуќнината и патничко возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на  И.М. Притоа З.П. се здобил и со повреди по телото од тоа што паѓал по дворот.

Од екипа на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.