Македонија
18. November 2017 - 13:35

Пијан делчевец тешко повреден - Се превртел со автомобилот

Тешка сообраќајка во делчевско.

- Во17 часот и 30 минути  било пријавено дека на магистралниот пат во близина на село Очипала-делчевско, се случила сообраќајна незгода во која 49- годишниот И.С од село Ветрен-делчевско, управувајќи патничко возило „Фиат Добло“ со делчевски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото и се превртел- се вели во соопштението од МВР.

По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, при што било извршено алкотестирање на возачот и било утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,28 промили.

Се работи на целосно расчистување на случајот.